Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Aмалгамски пломби

Сребрениот амалгам претставува еден од најдолго употребуваните материјали за изработка на пломби.

Уште од самите почетоци на употребата на амалгамот во стоматологијата, за неговата наводна штетност се води жестока дебата. Фактот што во амалгамот во голем процент се содржи и живата, која има докажано штетно дејство по здравјето, за некои е доволна причина употребата на амалгамот да биде забранета. Други пак потенцираат дека количеството на жива кое се прима од пломбите во споредба со тоа кое се внесува секојдневно со храната е минимално, па за некакво труење со жива од амалгамските пломби не може да стане збор. За градење на информиран став во врска со амалгамот и неговата употреба, потребно е знаење за неговите предности и недостатоци, што е и целта на овој текст.

Што е амалгамот?
Амалгамот по дефиниција претставува легура на живата со друг метал. Сребрениот амалгам кој се користи во стоматологијата содржи (покрај живата) сребро, калај, бакар и цинк.

Видови на амалгам:

Амалгам со мала содржина на бакар (класичен, конвенционален)
Овој тип на амалгам се состои од 60% сребро, 29% калај,<6% бакар и <2% Цинк.
Амалгам со висока содржина на бакар (нова генерација, без Гама-2 фаза). Овој тип на амалгам се состои од 40% - 70% сребро, 12% - 30% калај, 12% - 30% бакар, до 4% индиум, до 1% цинк и 0,5% паладиум. Овој тип на амалгам беше развиен во 1962 година со цел за подобрување на својствата на амалгамот, како на пример цврстината, отпорноста кон корозија и сл.

Кои се предностите на амалгамот?

Амaлгамот по својата цврстина е подобар од другите материјали за пломби. Правилно поставена амалгамска пломба (во индицирани услови) е поотпорна на силите на џвакопритисок од другите материјали за плоби.

Амалгамот не делува штетно на забот и на ткивата на устата. Други материјали за забни пломби (како на пример силикатните цементи) делуваат токсично на пулпата на забите.

Изработката на амалгамските пломби е едноставна
Споредена со изработката на пломбите од поновите материјали, изработката на амалгамските е многу поедноставна. Тоа значи дека не е потребна специјална опрема, а со тоа и цената е помала.

Амалгамските пломби се трајни. Правилно изработена амалгамска пломба може да трае и повеќе од десет години, надминувајќи ја неколкупати трајноста на пломбите од другите материјали. Честото менување на плобите покрај тоа што носи ризик од компликации при повторување на интервенцијата, исто така ја зголемува и вкупната цена која треба да се плати за реставрација на забот.

Кои се недостатоците на амалгамот?

Амалгамот испушта живини пари. Овој недостаток самиот по себе е доволен да се преиспита употребата на амалгамот и да се поддржи потрагата по материјал кој би го заменил. Живата во организмот се таложи во бубрезите и мозокот и предизвикува тешки оштетувања.
Олеснителна околност е што ова испарување на живата се случува најмногу кога пломбата се поставува (додека се стврдне) или вади, а додека во останатиот период, тоа е минимално. Сепак, употребата на амалгамот кај бремени жени и жени кои дојат треба да се избегнува.

Амалгамот естетски не задоволува. Сребрениот метален сјај на амалгамот, а и потемнувањето по подолго стоење во устата не одат во прилог на естетиката на овој материјал, и затоа неговата употреба е ограничена на пломби кои се надвор од „линијата на насмевката“- оние кои нормално не се гледаат при зборувањето и смеењето

Амалгамот има метален карактер. Во случаи кога во устата се наоѓаат протетски конструкции и од други материјали, со оглед на тоа дека се потопени во плунката, може да се јави галванска струја: а тоа значи метален вкус во устата, а некогаш и печење и слаби болки.

За амалгамскте пломби се жртвува поголемо количество здрава забна супстанција. Со оглед на неговата чисто механичка ретенција (прицврстување) за забот, формата на забниот кавитет (просторот за пломбата) мора да биде поголем отколку кај другите материјали и да има специфична форма.

Постои ризик за ослабување на забот поради амалгамските пломби. Поради различниот термички коефициент на ткивата на забот и сребрениот амалгам, наместо да го зацврстат забот, амалгамските пломби можат да доведат до напукнување на забот на кој се поставени.

Амалгамот е потенцијално опасен и за стоматологот.
Ризикот од изложување на жива, покрај за пациентот постои и за лекарот кој ја поставува пломбата.

Што да се прави?

Ниту еден материјал за пломби не е совршен. Амалгамот има предности и недостатоци и неговата употреба мора да биде со правилна проценка на ризикот и со одлука која ќе се донесе врз основа на знаењата и на конкретната ситуација.

Во секој случај, постои тенденција амалгамот да се истисне од употреба со користење на други материјали секаде каде што тоа е можно. Секојдневните напредоци во стоматологијата ги прават се' поретки случаите каде што амалгамот би бил единствен избор.

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 24.02.2010

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.