Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Дијастема

Дијастема е термин кој го означува просторот помеѓу два соседни заби, најчесто помеѓу предните горни секачи. Овој простор најчесто се јавува како резултат на несоодветен однос помеѓу големината на забите и големината на вилицата во која се сместени, а исто така може да е предизвикана и од неправилна (пониска) поставеност на френулумот (ресичката) на горната усна. Со оглед дека формата, големината и поставеноста на забите, исто како и големината и обликот на вилиците се наследуваат од родителите, и за појавата на дијастемата големо влијание има генетиката – ако родителот има дијастема, има големи шанси да ја има и детето.

По правило,  забите се во низа во која се  допираат меѓусебно и меѓу нив нема простори. Ова сфаќање за естетиката е најшироко прифатено и во однос на него постоењето на дијастема или дијастеми е отстапување и претставува естетски проблем. Решавањето на овој проблем е ортодонтски или протетски

Под ортодонтско решавање се подразбира користење на ортодонтски направи – протези кои за одредено време ги поместуваат забите и ги затвораат просторите.
Предноста на ова решение е што е неинвазивно – забите остануваат онакви какви што се, само се поместуваат. Недостаток на ова решение е што дава најдобри ефекти кај помлади пациенти и тоа што за да се постигне саканата состојба потребно е повеќе време – најмалку неколку месеци.

Протетското решавање е со користење на протетски изработки – винири или коронки со кои се менува формата на забите и на тој начин се затвараат просторите.
Винирите се изработки од посебен вид на порцелан, имаат изглед на лушпи кои се лепат на површината на забите и изгледаат исто како и забите. Коронките можат да бидат од различен материјал при што најдобри естетски резултат даваат целосно порцеланските, безметални коронки.
Предност на протетското решавање е тоа што се постигнуваат брзи резултати (за неколку дена), тоа што со нив може да се коригираат и други недостатоци (бојата, формата и големината на забите) а недостаток е тоа што е потребно одредено состружување на забите.

Кај одредени случаи, можно е проблемот да се реши со поставување на композитни пломби со кои рамномерно би се пополнил просторот на дијастемата, но ова решение дава резултат само во случаи на помала дијастема, резултат и ваквото решение е со помала трајност.

На крај треба да се спомене дека дијастемите, просторите помеѓу млечните заби кај децата се правилна и нормална појава.

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 10.08.2008

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.