Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Фокални инфекции - Фокуси - Фокалози

Фокус е хронично воспалително жариште, ограничено од околните ткива, слабо прокрвено и со слаба надворешна комуникација, а со присуство на организми со помала вирулентност. Фокалното жариште е во состојба повремено да егзацербира (да се засили, активира) и со своето штетно дејство да предизвика заболување на различни органи и системи.

За да се формира фокус од некое воспалително жариште, мора да се исполнат следните услови:

воспалението да има хроничен еволутивен тек
често е потребно да биде ограничено од околината, со што неговите штетни агенси ќе бидат распространувани низ организмот по крвен или лимфен пат. ( Постојат и т.н. „отворени жаришта“ како на пример длабоки пародонтални џебови кои се во некаква комуникација со надворешната средина)
микроорганизмите да се слабо вирулентни (со слаба моќ да предизвикаат инфекција)
жариштето да е слабо прокрвено со што тие микроорганизми на некој начин се заштитени од општото дејство на одбрамбените механизми на организмот
имунолошките сили на организмот да се на доволна висина со што не може да дојде до акутно воспаление

За начинот на кој едно фокално жариште може да го изрази штетното дејство има повеќе теории, кои за причинители ги земаат:

микроорганизмите од фокалното жариште
бактериските токсини (отрови) кои се создаваат во жариштето
изменетите реакции на нервниот систем, кои под дејство на фокалната инфекција имаат пореметена функција
алергените супстанции кои се создаваат во фокусот. Овие супстанции го поттикнуваат организмот на создавање на антитела кои реагираат со антигените, и во зависност од местото на реакцијата антиген-антитело се јавува различно заболување, на различен орган или систем во орагнизмот

Воспалителните промени поврзани со забите според некои истражувачи се одговорни за 70% од сите фокални заболувања. Фокусите истотака можат да бидат лоцирани и на други органи, како на пример во крајниците (т.н. тонзилогени фокуси), носните синуси, матката, простатата и други органи.

Дентални фокални жаришта можат да бидат:

хронични пародонтални заболувања
цисти
депулпирани заби
импактирани заби (заби кои немаат можност да никнат поради недостаток на простор)
пародонтали џебови
заостанати грануломи

Како се манифестира фокалозата?

Активноста на примарното жариште е пратено со општи, неспецифични, некарактеристични симптоми – замор, малаксаност, слабеење, главоболки, несоница, поспаност, слабо покачена температура навечер. Овие општи симптоми им претходат на главните симптоми , а тоа се симптомите на зафатениот орган.

Главните симптоми се различни и зависат од органот кој е зафатен:

зглобови (болки, пореметено движење) - артритис
срце (појава на шум на срце) - ендокардитис
бубрези (појава на протеини во урина) - нефритис
очи ( болки, солзење, црвенило) - иридоциклитис, невритис на очниот нерв

Која е терапијата на фокалните заболувања?

Кај вистинските фокуси, терапијата се состои во отстранување (хируршко) на фокалното воспаление, и терапија на последиците од влијанието на фокусот на другите органи или системи.

Зошто е важно знаењето за фокалните заболувања?

Потребата за поголеми знаења за овие заболувања кај пациентите е важна заради потенцирањето на поврзаноста на здравјето на забите и ткивата на устата со општото здравје. Иако современата стоматологија има се' подобри методи за третирање на заболувањата во устата, не треба да се заборави дека болестите на забите и устата се болести на целиот организам. Грижата за здравјето на забите и устата е воедно грижа и за целосното здравје на организмот.

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.