Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Градбата на забите

Забите се состојат од три дела:
Коронка (круна) -надворешниот, видлив дел од забот
Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски
Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот

Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.

Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбрамбени клетки и сврзно ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервнте садови ја исполнуваат пупината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.

Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава и пулпата, која го исхранува овој слој.

Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата

Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело. Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхраната на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.