Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Имплантација и забни импланти

Што е имплантација?

Имплантација односно всадување на забни импланти е еден од начините за решавање на проблемот на изгубените трајни заби. Во основа, тоа е хируршка постапка со која се врши всадување на специјално колче (метално или керамичко) во коската на вилицита на местото на изгубениот заб. Ова колче ја врши улогата што ја има коренот на забот и на него подоцна се изработува коронка или се користи за прицврстување на мост или протеза.



Кои се предностите на имплантацијата?

Овој начин за надоместување на изгубените заби за многу пациенти е метод на избор затоа што по зараснувањето на коската околу имплантатот, чувството на преносот на притисокот при џвакањето е скоро како кај природните заби.

Исто така и естетиката е на високо ниво со што, покрај воспоставувањето на изгубената функција, се враќа и природниот изглед на вилицата и забниот низ.

импланти Кои се ризиците поврзани со имплантацијата?

Кај пациенти кои имаат склоност кон болести на меките ткива на устата - дијабетичари, пушачи, се потребни внимателно планирање пред да се одлучи за изведување на оваа постапка.

Кај болните со сериозни срцеви заболувања како и кај оние со склоност кон крварење, коскени заболувања и пациенти подложни на некои лекарства, дроги и алкохол не можат да се применат имплантите.

Релативна тешкотија при планирањето на имплантите е кога е изгубена преголема количина од коската на вилицата или кога таа е со помала густина.

Исто така не се препорачува оставување на импланти ако во устата има постоечки проблеми - воспалени заби, проблеми со непцата итн.

Во кои случаи е можна имплантацијата?

Со оглед на тоа дека се работи за хируршка операција која најчесто се одвива во две фази, имплантацијата е препорачлива само кај пациенти во добра општа здравствена состојба, иако во денешно време случаите каде таа не може да се изведе стануваат се поретки.

Пред изведувањето на операцијата се вршат детални прегледи на општата здравствена состојба, се санираат евентуално другите заболувања во устата (кариес, периодонтални болести) и се вршат испитувања со цел да се утврди дали виличната коска може да биде подложена на ваков третман.

dental implants Колку трајни се имплантите?

Имплантите кои се поставуваат денес имаат планирана трајност од 10-15 години. Тоа не значи дека некои импланти нема да издржат и повеќе (постојат импланти кои се поставени и во 1970-тите години) но најчесто и тука после повеќе години се гледа стареењето на ткивата изразено како повлекувањето на гингивата и губитокот на коска околу имплантите.

Грижата за имплантите бара беспрекорна хигиена, четкање на забите после секое јадење, користење на забен конец и испирање со водичка за уста. Ова е важно за да се одржи во добра здравствена состојба ткивото кое ги држи имплантите прицврстени а со тоа и да се продолжи векот на нивната употреба.

 

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
објавен: 24.02.2003
последна измена: 03.07.2015

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.