Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Пародонтопатија

Пародонтопатијата претставува заболување на потпорното ткиво на забите (пародонтот) - ткивото што го држи забот прицврстен во коската. Ова заболување доведува до постапно и неповратно повлекување на непцата од забите, губење на коскената потпора и соголување и расклатување на забите.

Забен камен

Главна причина за пародонтопатијата е забниот плак, а значење имаат и повеќе други фактори - генетската предодреденост, навиките, постоењето на други заболувања, постоење на проблематични изработки (лоши пломби, коронки, мостови) лоша поставеност на забите како и недостатокот на некои заби.

Забниот плак се меките жолтеникави наслаги на забите во кои се размножуваат бактериите од усната празнина со остатоците од храната. Тука бактериите ги создаваат киселите продукти на нивниот метаболизам и на тој начин доведуваат до растворување на емајлот на забите, и воспалување на непцата.

Забниот плак најпрво се создава на просторот меѓу непцето и забот - вратот на забите и во длабоките засеци на џвакалните површини на катниците. Ако не се исчисти навреме (со помош на четка и паста за заби) плакот се шири и ќе ги препокрие забите целосно.

Ако забниот плак се остави на забите подолго (4 недели) тој почнува да преминува во забен камен.

Забниот камен се чисти многу потешко од забниот плак и за целосно и правилно да се отстрани потребна посета на стоматологот.

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
објавено: 24.02.1998
последна измена: 03.07.2015

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.