Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
За пирсингот - од стоматолошка гледна точка

Пирсингот претставува постапка на продупчување на дел од телото со цел за поставување на посебен тип на накит (т.н. “пирс“) во новонастанатиот отвор. Иако во принцип, оваа постапка е слична на поставување на обетки на ушите, со оглед дека при пирсинг се става „обетка“ на други делови од телото, делови кои се со поинаква градба и функција од ушната ресичка – оваа постапка е ризична, медицински неоправдана и според тоа не се препорачува.

Од стоматолошка гледна точка, најризични се постапките на поставување на пирс во устата при што најчести се јазикот, френулумот (ресичката на јазикот), усните и образите. Според Американската Стоматолошка Асоцијација (АДА) постојат 12 главни ризици од пирсинг на јазикот или усните

    Сериозно крвавење или оштетување на нерв: доколку за време на продупчувањето се пробие крвен сад или нерв, може да дојде до обилно крвавење кое тешко се запира или да предизвика повреда на нервот.

    Инфекција: Во устата нормално се наоѓаат милиони бактерии кои можат да предизвикаат инфекција на раната од пирсингот

    Болка: Поради самата постапка или компликации со зарастувањето

    Отекување: Јазикот може да отече толку многу што може да го отежне дишењето

    Пренесување на болести: Пирсингот е потенциран како вектор за пренесување на крвно-преносливи болести како хепатитис Б и Ц и ХИВ/СИДА инфекции

    Задушување: Поставувањето на накит во устата доведува до ризик парчиња од накитот да се откачат и да завршат во дишните патишта

    Скршени или напукнати заби: движењето на пирсот предизвикува удирање на негови делови во забите и може да предизвика на откршување на парчиња од забите или нивно напукнување. Исто така и други изработки на забите (коронки, мостови) можат слично да бидат оштетени.

    Губење на емајл: поставувањето на пирс го зголемува ризикот од оштетување на површинскиот слој на забите – емајлот

    Повлекување на непцето (гингивата): Пирсингот на јазикот доведува до зголемување на ризикот од повлекување на гингивата од забите

    Губење на заби: пирсингот го зголемува ризикот од разнишување на забите и нивно губење.

    Формирање на лузна: на местото на пирсингот можно е формирање на лузна

    Проблеми со говорот: поставувањето на пирс може да го наруши или отежни говорот

Освен овие ризици, кај лицата кои имаат пирс може де се јави и алергија на металот од пирсот.

За зачестеноста на компликациите главно се добива слика од поединечни случаи со компликации, меѓутоа поопширни статистички податоци сеуште не се достапни. Во нашата ординација неодамна имавме случај на пациентка со инфекција на пирс на јазикот, комбинирана со оток и силни болки.

Со оглед на наведените ризици, не постои „сигурно“ поставување на писринг, и оваа постапка треба да се избегнува. Сепак доколку некој и покрај здравиот разум и сите ризици ќе се одлучи за поставување на пирс – тоа треба да биде во асептични (стерилни) услови, со стерилни инструменти (користење на автоклав) и со користење на игли за една употреба (услови кои одговараат на условите во една ординација). Лицето што го врши пирсингот треба да има познавање од медицината – барем за да не се направат поголеми штети отколку со самото поставување на пирсот.

При појава на компликации, потребно е да се посети лекар при што ќе се одреди терапија во однос на проблемот. Доколку се работи за инфекција, се препишуваат антибиотици и се препорачува испирање на устата со антисептични раствори. Доколку се работи за оштетувања на забите, се препорачува отстранување на пирсот и корегирање на дефектите.

На крај – пирсингот во устата (јазикот, френулумот, усните и образите) носи големи ризици и се препорачува негово избегнување. Особено ова важи за млади лица во развој, кај кои проблемите можат да бидат сериозни и да остават трајни последици.

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 09.04.2008

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.