25.05.2006 Д-р Тина Нечаковска
и Д-р Александар Нечаковски учествуваа на
На конгресот кој се одржа во Охрид од 22-15.06 2006, во рамките на постер
излагањата од Превентивната стоматологија, Д-р Нечаковска ја презентира
темата „Значењето на систематските прегледи во стоматологијата“
25.05.2006 Д-р Александар Нечаковски
гостин во емисијата „Нова“ на Тера
Телевизија - Битола
Тема на разговорот беа популарни теми од стоматологијата: хигиената на
устата и забите, заштитата од кариес кај бремените жени, начините за белење
на забите и нивната сигурност како и ефектите на гумите за џвакање без
шеќер.
08.09.2005 Stomatolog.com.mk избран
за Сајт на денот на весникот Време. Во текстот под наслов
„Битолските кибер-стоматолози“ од бројот 486 од 07.09.2005 весникот
Време пишува за нашиот сајтот и дава идеи за негово подобрување...
20.07.2005 Д-р Александар Нечаковски
учествуваше на специјална обука за имплантологија во Розбах, Германија.
На обуката во организација на Schutz
Dental Group која се одржа од 14-17 Јули учествуваа 10 стоматолози
од Македонија а тема беше имплантолошкиот систем .
03.06.2005 Ординацијата започна да работи со „сини
картони“ Стоматолошката ординација Д-р Нечаковски и Фондот
за здравствено осигурување на Македонија на 03.06.2005 потпишаа Договор
за обезбедување на услуги од примарната стоматолошка здравствена заштита
за осигурениците на Фондот, односно услуги со „сини картони“.
11.05.2005 :
Д-р Тина Нечаковска и Д-р Александар Нечаковски учествуваа на Балканскиот
Конгрес на Стоматолози во Белград, СЦГ
01.04.2005 :
Започна изборот на матичен стоматолог
Според известувањето на Фондот
за здравствено осигурување на Македонија од 01.04.2005 започна постапката
за избор на матичен стоматолог. Започнувајќе од 1 Април потребно е да
не' посетите со вашата здравствена легитимација за пополнување на потребните
формулари со кои ќе се овозможи користење на услугите на нашата ординација
со „сини картони“ односно според условите на ФЗО. За сите дополнителни
информации, јавете се на нашиот телефон (047-254-528) или посетете не'
во ординацијата секој работен ден.
26.01.2005 : Д-р Александар Нечаковски гостин на Македонското радио
На 26.01.2005 година Д-р Александар Нечаковски беше гостин во емисијата „Здрав Живот“ на Првата Програма на Македонското Радио. Емисијата беше со почеток во 14:15 часот, се емитуваше во живо, и беше посветена на современите начини за грижа за здравјето на забите.
14.09.2002: Д-р Тина Нечаковска наградена на III Конгрес на стоматолозите
од Македонија
Постер презентацијата „Децата од Битола зборуваат за забите“
од Д-р Тина Нечаковска беше наградена за најдобра постер презентација
од Конгресниот и научниот одбор на последниот
III
Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество кој
се одржа од 11-14 Септември 2002 година во Охрид. Оваа награда беше доделена
само на еден автор од Македонија во конкуренција од над 150 учесници.
Наградената презентација ќе биде постојано изложена во просториите
на Научно-истражувачкиот институт на Стоматолошкиот
Факултет во Скопје.
понатаму |