Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Како да го надминете стравот од стоматолог

Разговарајте со вашиот стоматолог
Пред почетокот на интервенцијата прашајте го за нејзиниот тек и процедура. Современите стоматолошки постапки ја сведуваат болката на апсолутен минимум а вашето знаење за текот на интервенцијата ќе ви помогне подобро да се подготвите за неа.

Посетувајте го стоматологот навреме
Навремените посети и контроли од стоматологот ќе помогнат аномалиите или заболувањата да се откријат и третираат навреме а нивните компликации да се спречат. Со тоа ќе се избегнат посложени (и поскапи) стоматолошки интервенции.

Најдете стоматолог на кој му верувате
Доколку се плашите од вашиот стоматолог, можеби треба да побарате друг. Односот со стоматологот е нешто лично и пред се треба да имате доверба во него. Иако сите (веројатно :) ја имаат професионалната стручност, секој стоматологот има и личен пристап кон пациентите, пристап кој во одредена мерка произлегува од неговиот карактер (сите ние сме различни!) - и не е тајна дека со некои типови на карактер подобро се согласуваме отколку со други.

Како да не го пренесете вашиот страв од стоматолог на вашето дете

Однесете го на контрола барем еднаш до неговата 2-годишна возраст
....

Потенцирајте ги позитивните работи, а не ги негирајте негативните
Посетата на стоматолог опишете ја како "интересна", "забавна" и поттикнете го вашето дете да се интересира за процедурите и апаратите кои се користат. Голем број деца се интересираат за "ласерот за чистење на црните точки на забите" или "пиштолот на вода". Дефинитивно немојте да користите описи како "нема да боли" или "нема да тече крв" затоа што од ова детето ќе запомни "....боли" и "....крв".

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 03.03.2014

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.