Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
-
Master Card
 
VISA
-
-

Темпоромандибуларен зглоб

Темпоромандибуларниот односно виличниот зглоб е еден од најактивните зглобови во човековото тело. Овој зглоб ја поврзува долната вилица (мандибулата) со слепоочната (темпорална) коска која е дел од черепот и и дава на долната вилица можност за голем број различни движења. Кај секој човек има по два вакви зглоба – од двете страни на лицето - кои заеднички и истовремено учествуваат во движењата на вилицата поврзани со џвакањето и зборувањето.

Во градбата на зглобот учествуваат зглобните површини од долната вилица (кондилите), мандибуларните вдлабнатини на слепоочната коска, зглобниот диск, а зглобот го дополнуваат зглобната капсула, лигаменти и мускули.

Различни проблеми можат да имаат поврзаност со ТМЗ и заради тоа почесто се зборува за синдром на темпоромандибуларниот зглоб или за пореметување на темпоромандибуларниот зглоб. Од луѓето 75% имаат некакви тегоби со зглобот, но се смета дека само 5-10% од луѓето имаат тепоромандубиларен синдром.

Проблемите најчесто се : главоболка, болка при џвакање во близина на зглобот и увото, звук на крцкање или пукање на зглобот, отежнато отворање на устата или неможност на движење на вилицата (заглавување), болки во вратот, зуење во ушите (тинитус), проблеми со слухот и рамнотежата. Овој синдром, после забоболката е втората најчеста причина за болка во пределот на лицето.

Проблемите најчето се јавуваат помеѓу 20 и 40 година а причините се различни

повреда на зглобот како резултат на удар во долната вилица

претеран напор на зглобот поради бруксизам (несвесно чкртање со забите во сонот), поради претерано џвакање мастики, грицкање нокти

артритис

исчашување – дислокација на зглобот

пореметување на забниот низ поради лошо поставени или изгубени заби

дегенеративни промени на зглобот, инфекции или неоплазми (тумори)

Синдромот на тепоромандибуларниот зглоб е почест кај жените (4:1) а поголем ризик имаат лицата кои имаат наследна предиспозиција за проблеми со зглобот (кога и други лица во блиско крвно сродство имаат слични проблеми), при постоење на навики за претерано оптоварување на зглобот (претерано џвакање) или лица со општи заболувања кои имаат поврзаност со зглобовите во телото.

Крцкањето на виличниот зглоб е еден од симптомите дека нешто не е во ред со зглобот – при нормални услови не се јавува. Доколку некој од симптомите (крцкање, болка ...) трае подолго од една недела тогаш потребно е да се посети стоматолог и да се утврди причината и да се препорача терапија.

Терапијата обично се состои во отстранување на сите причини за зголемено оптоварување на зглобот и одмарање и релаксирање на зглобот, пасивни вежби на отворање на устата, ладни облоги на мускулите околу зглобот, антивоспалителни лекови и сл. Во случаи на нарушување на забниот низ поради изгубени заби потребно е протетско надоместување на изгубените заби (коронки, мостови, протези). При случаи на бруксизам се изработуваат т.н. нагризни гребени – пластични или гумени штитници кои се носат за време на спиењето и овозможуваат да се намали оптовареноста на зглобот. Поретко, потребно е хируршко решавање.

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share
 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул.