Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Добредојдовте на веб страницата на Стоматолошката Ординација Д-р Нечаковски

Стоматолошката ординација Д-р Нечаковски е формирана во 1993 година и веќе 31 година ја исполнуваме на нашата цел: на пациентите да им ја дадеме најдобрата можна стоматолошка услуга користејќи го нашето долгогодишно искуство, најсовремена опрема и потврдени тераписки постапки кои исполнуваат највисоки светски стандарди.

На веб страницата ќе можете да дознаете за нас и за ординацијата, услугите кои ги нудиме, а можете да најдете и одговори на многу прашања кои нашите паценти честопати ни ги поставувале: објаснување на стоматолошките интервенции, вести, совети и интересни податоци од науката за здравјето на забите и устата.

Доколку имате прашање или коментар на некоја од соржините на сајтот, слободно контактирајте не' - со задоволство ќе ви одговориме. И се разбира, добредојдени сте во нашата ординација за сите ваши потреби од стоматологијата.

Новости од ординацијата:

01.01.2024 Среќни празници!
Почитувани пријатели, Во Новата 2024 година посакуваме најубави моменти со Вашите блиски, исполнети со среќа и радости.
За време на празничните денови, од 02.01.2024 до 05.01.2024 нашата ординација ќе работи во една смена од 09:00 - 17:00. Од 09.01.2024 продолжуваме со редовното работно време од 08:00-20:00.

11.10.2021 Најново кај нас: Дигитално панорамско снимање
Започнувајќи од 23.09.2021, во нашата ординација е ставен во употреба најсовремен нов апарат за дигитално панорамско снимање на забите, вилиците, виличните синуси и зглобови (ТМЗ). Овој апарат има програми кои одговараат за сите ситуации, како на пример панорамско снимање кај деца со користење на најниска доза и ограничено поле на снимање.

KaVo OP 3D

11.07.2021 Ново работно време
Почитувани пациенти, Ве известуваме дека од 12.07.2021, работното време на д-р Александар Нечаковски ќе биде секој работен ден од 10:00-17:00. За закажување на термин, јавете се од понеделник до петок во периодот од 09:00 до 17:00 на нашиот телефон 075-306-509 или пишете ни на Viber (на истиот број) или на електронска пошта на kontaktdstomatolog.com.mk.

30.05.2020 Стоматолошката ординација Д-р Нечаковски номинирана за наградата TOP-100 Achievements 2020 Аward.
top100 Наградата ја доделува организацијата Achievments Forum од Велика Британија, е во категоријата на здравствени установи.

Повеќе информации тука

12.05.2020 Продолжуваме со работа
Почитувани пациенти, почитувајќи ја одлуката на Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство на РМ и известувањето од Стоматолошката Комора на Македонија, нашата ординација од утре, 13.05.2020 продолжува со редовна работа, но со засилени мерки за превенција. За закажување на термин јавете ни се на нашите телефони за закажување (075-306-509, 047-254-528) и на Viber

15.04.2020 Вашето мислење ни е навистина важно.
GooglePlace Задоволни сте од нашите услуги? Ве покануваме да објавите рецензија на нашиот профил на Google. На многумина би им помогнало да се решат да не посетат доколу прочитаат добри впечатоци од други корисници, како Вас.

Има ли нешто што сте забележале дека можеме да го правиме подобро? Испратете ни електронска порака на infodstomatolog.com.mk. Сите коментари се добредојдени!

22.02.2020 Обука за хијалуронски филери Д-р Ева Анастасова учествуваше на обука за хијалуронски филери од реномираниот бренд Cytosial, под водство на д-р Волфганг Редка-Свобода во Скопје, Македонија

Cytosial

20.09.2018 ESCD 15th Annual Meeting, Lisbon Portugal - Д-р Александар Нечаковски учествуваше на годишната средба на Европската Асоцијација за Естетска Стоматологија во Лисабон, Португалија

ESCD2018

09.03.2018 Д-р Александар Нечаковски го посети најголемиот саем за стоматологија во Холандија - Dental Expo 2018 во Амстердам.

DentalExpo

16.09.2017 Д-р Александар Нечаковски e примен за член на Европската Асоцијација за Естетска Стоматологија. ESCD e професионално здружение на стоматолози, забни техничари, производители на опрема и материјали, универзитетски професори итн. вклучени во воспоставување и исполнување на највисоките стандарди за естетска стоматологија.

ICDE Vienna

Насмеана девојка со убави заби
nka.com.mk 2004

WEBMAIL


 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509